Јанкулоска: Осомничени за шпионажа никогаш нема да бидат патриоти

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска по одбележувањето  на 34-годишнината од постоењето на единицата за специјални задачи во МВР, истакна дека и по 15 години од конфликтот во 2001 година има обид за напад, обид да биде заложена иднината на Македонија.

-Лица кои се осомничени за шпионажа не се и никогаш нема да бидат патриоти. Лажните патриоти се откриени и се кривично гонети, а еден од нив веќе е осуден, истакна Јанкулоска.

Таа посочи дека тигрите имаат респектабилна историја и секогаш мора да бдиат на врвот, а се дел и од оние кои беа на браникот на татковината и во 2001 година,

-Во 2001 вие бевте патриоти. Денес повторно патриотите сте вие кои секогаш сте на браникот на татковината, не можат да бидат патриоти оние кои наместо од граѓаните поддршка добиваат од надвор, потенцираше министерката за внатрешни работи.

Командантот на единицата Славчо Петрушевски нагласи дека ЕСЗ секогапш  е во чекор со трендот на најелитните единици.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега