Штипјанец платил 80.000 евра за куќа па се предомислил!

Општина Штип објави нов оглас за продажба на градежно земјиште во градот, но „старплус" дојде до интересен податок кој говори за интересот кој владее за купување во одредени делови на градот
Имено на една од претходните лицитации, на атрактивна локација, што би се рекло, во зона каде поголемиот дел од поимотните штипјани поседуваат имоти, лицитацијата отишла до небо па за еден плац биле понудени рекордни 80.000 евра или околу 4.9 милиони денари, пренесува „старплус" на ТВ Стар.
Она што е интересно, е што купувачот сепак не ги уплатил средствата во законски предвидениот рок со што пропаднала и лицитацијата. Од Општина Штип немаат коментар за ваквите информации кои се зборуваат низ Штип со образложение дека станува збор за деловна тајна и дека сите купопродажни активности остануваат помеѓу општината и лицитаторите, па затоа и не сакаат да потврдат дали навистина имало постигнување на ваква висока сума.
Сепак, со оглед на тоа што работите се прераскажуваат, и од самите купувачи, постои основа дека некој штипјанец навистина дал толку пари. Зошто не ја завршил постапката е секако негова лична работа, но факт е дека интересот за купување на градежно земјиште расте и секоја нова објава привлекува се повеќе граѓани. Секако, примерот со 80.000 евра само покажува колку сме спремни да одиме доколку навистина сакаме нешто... и секако, се е полесно кога имаме пари, додава „старплус" на ТВ Стар.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








