Температурите ќе растат - од понеделник вистинска пролет

 

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремен, но слаб локален дожд, на планините со слаб снег, особено во крајните источни и западни делови.

Во недела и во почетокот на работната седмица времето ќе биде стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега