Утринава 87 сантиметри снег во Маврови Анови

Осумдесет и седум сантиметри снежна покривка се измерени утринава во 7 часот во Маврови Анови. Во Ѓуриште има 35 сантиметри снег, 30 Пожаране, 25 Крушево, 24 Лазарополе, 22 Пожар, 2 Крива Паланка.
Денес нè очекува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен североисточен ветер, а дневната температурата ќе достигне до 9 степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









