Повредени четворица возачи - што се случувало на скопските улици?

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди, од кои две се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се девет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, осум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, четири возачи кои не ги почитувале правилата за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 21 возач кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и 10 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Во сабота, со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Динамо Винара, од Русија. Во недела со почеток во 19 часот во рамки на СЕХА лигата во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу Металург и Брест Мошков, а во 21 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу Вардар и Цибона. За време на одржувањето на овие спортски натпревари од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за уредно и безбедно регулирање на сообраќајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









