Крводарителска акција меѓу средношколците и студентите во Велес

Институтот за трансфузиона медицина од Скопје денеска реализраше крводарителска акција со студентите од Техничко технолошкиот факултет во Велес, во која беа собрани петнаесетина крвни единици
Лидија Сланева-Стојановиќ од Општинската организација на Црвениот крст во Велес информира дека крводарителска акција била реализирана и вчера во ССОУ „Коле Неделковски“, каде биле собрани 51 крвна единица.
- Велешките средношколци и студенти потврдија уште еднаш дека се меѓу нај хуманите во земјава, кога станува збор за доброволното дарување на крв, потенцира Сланева-Стојановиќ.
Акции за дарување крв најавени се и меѓу учениците во Економското и Хемиското училиште и Гимназијата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









