Македонската и српската полиција заеднички во борбата против илегалната миграција

 
Македонската и српската полиција ќе соработуваат, ќе се координираат и заеднички ќе се борат против сите облици на транснационалниот криминал. Посебно внимание ќе посветат на спречување на илегалната миграција, проблем со кој се соочуваат не само државите од регионот, туку и Европа.
 
Ова е заедничкиот заклучок на директорот на Бирото за јавна безбедност,Митко Чавков и директорот на српската полиција, Милорад Вељовиќ, кои денеска се сретнаа на ГП Табановце.
 
Чавков и Вељовиќ потенцирајќи ја досегашната добра соработка, информираа дека ќе бидат формирани заеднички тимови на стратешко и опертивно ниво, а со утврдена диманика ќе се координират понатамошните мерки во превенирање и борбата против транснационалниот криминала, особено илегалната миграција која  е еден од врвните приоритетите не само за државите во регионот, туку и пошироко на европско и светско ниво.
 
Чавков по работната средба со неговиот српски колега, нагласи дека императив за успешна и ефективна борба против транснационаниот организиран криминал е тесната и констинуирана меѓусебна соработка.
 
- Во тој преглед на досегашната оперативна соработка, констатиравме дека досега имаме постигнато навистина солидни резултати, рече Чавков.
 
 
Заеднички било конатстирано дека Македонија и Србија се транзитни подрачја, но оти и напливот на илегални мигранти, од јужната граница кон север ќе продолжи со несмален интензитет и во наредниот период. 
 
Според директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ, најважно е дека границата која во моментов изнесува околу 113 километри меѓу Македонија и Србија е да се покрие што е можно подобро, да се зголеми бројот на заедничките патроли, да се засилат оперативните тимови.
 
- Не е суштината да се спречуваат илегалните мигранти да влегуваат на овие простори, туку и да се види кој им е организатор. Многу е важно заеднички да ги лоцираме тие луѓе кои ги организираат овие илегални мигранти кои ги префрлуваат почнувајќи од од Грција, од Блискиот Исток до Унгарија и понатаму, а преку Македонија и Србија, рече Вељовиќ.
 
Според него, на влез во Србија во просек враќаат и по 150 мигранти дневно и оти во разговорите со македонскиот колега дознал дека дневно се враќаат од границата со Грција над 200 луѓе. 
 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега