Ангажманот на Владата ја намали невработеноста на најниско ниво досега

Невработеноста во Република Македонија континуирано, а не инцидентно, постојано се намалува, што е резултат на сите политики и чекори кои ги направивме како Влада и држава.
Ова го истакна премиерот Груевски по последните информации за Заводот за статистика.
-Намалувањето на невработеноста се должи пред се на создавањето на добра бизнис клима за компаниите да сакаат да инвестираат. И домашните и странските компании. Второ, креирање на добра бизнис клима, но и давањето на соодветна понуда на компаниите од надвор, во смисла на правење на роуд шоуа, пристап до големите компании и нивните претседатели, ангажман на министрите кои се задолжени за привлекување на инвестиции, ангажман на Агенцијата за привлекување на инвестиции, на промоторите кои се испратени во триесетина држави во странство. Ангажман на сите други министри во однос на еден вид на сервис на компаниите и на оние домашните кои овде егзистираат и на оние кои се дојдени за да бидат задоволни од нивното работење тука и на некој начин да се охрабрат за наредна инвестиција, но и да не препорачаат како држава на други компании кои размислуваат да инвестираат во Македонија, истакна Груевски.
Тој додаде дека за намалување на невработеноста помогнале и ниските даноци, рамните даноци и сето она што Македонија ја прави една од најдобрите држави во светот, со најповолна бизнис клима, којашто е основот со којшто може потоа да се прави маркетинг и да се привлечат компаниите да дојдат тука и да отворат нови работни места.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









