Рекордно ниска невработеност во Македонија: Статистика ги објави последните податоци
Според податоците на Државниот завод за статистика , во IV тримесечје од 2014 година активното население во Република Македонија брои 961 416 лица од кои вработени се 696 046, а 265 370 лица се невработени, јави Економски.мк

Стапката на активност во овој период е 57.4, стапката на вработеност 41.5, додека стапката на невработеност 27.6. Тоа е за 0,3 поени пониско од третиот квартал кога невработеноста беше 27,9.
Во четвтиот квартал од 2013, пак, стапката на невработеноста изнесувала 28,6%. Или за една година невработеноста паднала за еден процент.
Оцени ја веста
12.03.2015 - 14:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









