Изаири: За изградба на пречистетлни станици не се доволни средствата од ИПА

Средствата од претпристапните ИПА фондови не се доволни за изградба на потребните пречистителни станици во Македонија, поради што се бараат и други донатори, рече денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.
Како што нагласи Изаири по отворањето на првиот состанок на Секторската работна група за животна средина и климатски акции, управувањето со водите е еден од приоритетните активности на Министерството. Овој сегмент воедно, е и меѓу оние со најголеми потреби од инвестиции.
- Во делот управување со води мора да се усогласиме со сите директиви, да ги исполниме потребните услови, да изградиме пречистителни станици Но, за тоа се потребни големи средства. Донациите од ЕУ преку ИПА не се доволни поради што ги разгледуваме сите можности за изнаоѓање и други партнери. Тоа е неопходно за што поскоро реализирање на нашите цели, нагласи министерот.
Според него, ИПА средствата секоја година се повеќе се користат. Министерствата, генерално, вклучувајќи го и ова, за животна средина, се поподготвени за повлекување и искористување на европските пари.
Министерството за животна средина паралелно работи и на управувањето со отпадот - сегмент во кој, информира Изаири, е планирана ревизија на националната страгеија и развивање специфични планови за спроведување на директивата за депонии заедно со програма за редукција на отпадот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








