Пријава за струмичанец по инцидентот со Амди Бајрам

 

Политичката партија СДСМ нема мандат, ниту овластување да говори во име на Министерството за внатрешни работи, велат МВР.

Во однос на вчерашниот настан од МВР информираат дека околу 15:30 часот кај нив било пријавено дека пред Управната зграда во ГТЦ на пратеник од Собранието на Р. Македонија, кој бил заедно со уште едно лице, во еден момент им се доближил А.Т.(29) од Струмица, кој почнал вербално да го напаѓа, упатувајќи му навредливи зборови на пратеникот.

Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје излезено е на лице место и разговарано е со лицата.

Полицијaта извршила и преглед во возило „Шкода Октавија“ управувано од А.Т. при што во истото биле пронајдени два ножа на расклопување, една палка на расклопување и еден заштитен елек.

Против А.Т. поднесена е пријава за нарушен јавен ред и мир, а од страна на СВР-Скопје до Основното Јавно Обвинителство проследен е предметот на натамошно постапување

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега