Зголемен бројот на патници на двата аеродроми

 

Зголемување на бројот на превезени патници на двата аеродроми е забележано во јануари-февруари годинава споредено со истиот период минатата година.

-Имено, во овие месеци од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики" во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле" во Охрид се превезени вкупно 171.510 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 130.264 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници од 31.7 %. На аеродромот „Александар Велики" во Скопје, во Јануари и Февруари 2015 година се регистрирани вкупно 168.418 превезени патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезесни  127.696 патници, се забележува зголемување од 31.9 %.  На аеродромот „Св.Апостол Павле" во Охрид за периодот Јануари-Фвруари 2015 година, се превезени 3092 патници, што во споредба со истиот период од 2014 година кога биле превезени 2568 патници, се бележи зголемување од 20.4%, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

Согласно, реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот Јануари-Февруари годинава се: Истанбул 15.0 %, Цирих 8.6 %, Базел 6.4 %, Виена 6.3 %, Малме 6.0%, Лондон со 5.5 % и Минхен 4.9%.

Од Министерството додаваат дека забележаниот континуиран раст на бројот на превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај. Во тој контекст позитивните политики за развој на воздушниот сообраќај ќе продолжуват да се применуваат и во наредните години, со цел промовирање на нашата држава како атрактивна туристичка и бизнис дестинација

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега