Тони Михајловски до Стојанче Ангелов: Ги браниш оние кои те турнаа во војна, донесоа странци да пукаат врз тебе

 

Ти, ти застана пред оние кои те турнаа во војна.  Застана во одбрана на оние кои донесоа странци да пукаат врз тебе и врз твоите соборци и браќа.  Ги браниш оние што ни го расселија народот, оние што им дозволија на други тебе да те наполнат со олово. Ги правиш луѓе оние што те направија "Генерал на мртвата војска". Се бориш за победа на оние кои ти ја одзедоа заслужената победа и ти понудија замена за неа. За нив беше само дел од "животинското царство". И сега си исто верувај ми.  Сега "тие" ти викаат "генерале" а знаеш добро дека тоа за "нив" никогаш не си бил, вели актерот Тони Михајловски во пораката до Стојанче Ангелов упатена преку неговиот ФБ профил.

-Кој сум јас тебе да ти кажам. Не сум ти ни до колена. Ама сега секој кажува се, бидејќи трагаме по вистината како никогаш порано. Таа ни е најважна. И нека биде секогаш така, не само сега. Има само една вистина, без разлика колку се нудат во моментов. И таа ќе победи, наскоро. Еве и една моја вистина.
Ех генерале. 
На "нив" си им најдобар кога плукаш по "своите". "Тие" тогаш се најсреќни и ликуваат оти успеале да раскараат брат со брат. И јас им бев "добар" едно време. Иако јас не отидов толку далеку.
Каков брат е оној кому братот му е поголем непријател од странецот. Никаков. Ова е за мене.
Ти, ти застана пред оние кои те турнаа во војна. 
Застана во одбрана на оние кои донесоа странци да пукаат врз тебе и врз твоите соборци и браќа. 
Ги браниш оние што ни го расселија народот, оние што им дозволија на други тебе да те наполнат со олово.
Ги правиш луѓе оние што те направија "Генерал на мртвата војска".
Се бориш за победа на оние кои ти ја одзедоа заслужената победа и ти понудија замена за неа.
За нив беше само дел од "животинското царство". И сега си исто верувај ми. 
Сега "тие" ти викаат "генерале" а знаеш добро дека тоа за "нив" никогаш не си бил. 
"Тие" имаат потреба од тебе само заради тоа што немаат такви во своите редови.
И баш заради тоа штрчиш таму. "Тие" никогаш нема да ти простат што си се борел против нив, без разлика колку жестоко и ѕверски сега се бориш за нив. 
Знаеш дека "бомбите" им се димни завеси и дека "бомбашот" отиде курбан. Да, можеби тоа е најголемата вистина. Тоа дека ти знаеш што ти прават. 
Ти и мене ми беше, на некој начин, генерал. Јас тебе, на некој начин, војник. На секој можен начин те бранев кога "тие" те напаѓаа.И за мене ќе останеш генерал. За "нив" само маша која ќе ја злоупотребат и заборават.
Велиш да дојде некој пред тебе и да ти каже во очи. Еве јас ќе дојдам. Најмногу што можеш е да ме убиеш. Да ме решиш. И толку. 
Ама знаеш дека ниту ти, ниту пак било кој друг може да го убие македонецот во нашиот народ. 
Исто како што ти не можеш да го убиеш МАКЕДОНЕЦОТ ВО СЕБЕ! Вистина е.
п.с. Погледни го бедниов хемороид како восхитено те снима. Тоа му е душевна храна и преку тебе го реализира херојот во него. Тоа геј хероизам. Чувај се од гнидава :)

politiko

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега