Умерено облачно, температури од -3 до 12 степени

 

Времето денеска ќе биде умерено облачно, а во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди.

Во северозападните и западните предели, како и во североисточните и источните предели ќе биде нестабилно со врнежи од дожд. Во овие делови во ридско-планинските предели и на планините со врнежи од снег. 

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен североисточен ветер. 

Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 3°C односно до 12°C. 

Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а максималната дневна до 8°C. 

 

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега