Арсовска-Томовска во Велес на средба со државната и јавна администрација

Заменик министерот за информатичко општетство и администрација Марта Арсовска-Томовска денеска во Велес оствари средба со раководителите на државни и јавни институции во оваа општина.
Целта на средбата, како што изјави Арсовска-Томовска, е раководителите на овие институции да се запознаат со реформите во јавната администрација, односно со двата нови закони кои стапија на сила на 13 февруари годинава - Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници.
- Иако досега беа направени обуки за вработените, бидејќи со реформските закони има многу новини, ние сепак одлучивме за ваква средба со раководители на сектори, на функционери и на вработени во институциите во организациските облици за управување со човечки ресурси или поранешните кадрови одделенија, а се со цел да им појасниме што е тоа што ги очекува. Целта е да ја добиеме нивната поддршка која ни е неопходна, а во нашата идеја за подобра, попрофесионална и поефикасна јавна администрација, потенцира заменик министерката Арсовска-Томовска.
При тоа потенцира дека во реализација на овие закони ја очекува поддршката од општина Велес, а со која како што оцени досега имале одлична соработка.
Одговарајќи на новинарско прашање Арсовска-Томовска појасни дека има многу новини, како во рамките на организацијата на јавната администрација, во постапките на селекција, во постапките на вработување, преку учењето и континуираното усовршување до мерењето на работната успешност.
- Затоа и постојат награди за најдобрите, но и казнени мерки за подобрување на квалитетот, а за тие кои не работат ефикасно. А целта е граѓаните да добијат подобри услуги и да се подобри квалитетот на работењето на јавната и државна администрација, појасни Арсовска Томовска.
На новинарско прашање како ќе делуваат овие измени на законот во работењето на јавната и државна администрација, заменик министерот Арсовска Томовска појасни дека јавната администрација не само во Македонија, туку и секаде во светот континуирано се реформира и унапредува со единствена цел да го постигне нивото на сервисна ориентација како што го има приватниот сектор.
- Тоа значи услугите што ги дава јавната администрација да личат на услугите што ги даваат приватните компании, а за тоа се неопходни промени во начинот на размислување и однесување на вработените, подготвеноста за учење и стекнување на нови знаења , а ако се згрешат во работата да се поправат, а ако е најдобри да бидат мотивација за останатите вработени, потенцира Аросвска-Томовска.
Велешкиот градоначалник Славчо Чадиев потенцира дека Велес дава поддршка во овие измени за законите, а кои ќе ја доведат администрацијата во земјава и во општина Велес да биде што е можно поефикасна, се со цел за подобри услуги кон граѓаните потенцира Чадиев.
- Општина Велес се преструктуира и се прилагодува кон овие законски прописи и ние и претходно имаме неколку стандарди за квалитет како ИСО 9001, потоа стандардот за квалитет 2701, БФЦ сертификатот за подобро деловно опкружување, а воедно сме подготвени да се прилагодиме и кон новите закони, рече Чадиев и додаде дека во испитувањето за работата на општината, граѓаните на општина Велес дале позитивни оценки.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








