Заев: Нема да се бранам со молчење

Нема да ко искористам правото да се бранам со молчење но нема да коментирам детали од истрагата. Ова е дел од изјавата која лидерот на СДСМ ја денеска откако заврши неговиот распит во Обвинителството за организиран криминал.
Заев рече дека очекува судиите да се одважат и да судат независно.
Лидерот на СДСМ заедно со уште 4 лица е осомничен за шпионажа и закани врз највисоките државни органи. Еден од осомничените веќе е и обвинет, откако го призна делото и се спогоди со обвинителството тој доби затворска казна од 3 години.
Вчера на распит во Обвинителството од Истражниот затвор беше донесен и Зоран Верушевски. Нема информации дали тој дал исказ или пак решил да се брани со молчење
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








