Македонијо радувај се -Трајче гостин на концертот на Тони Цетински

Дека пред младиот Трајче Ѓеоргиев е светла иднина, на многумина им стана јасно уште со првото негово појавување на натпреварот „Пинкови Ѕвездички“, каде за цели три минути успеа да ги освои срцата на целиот Балкан и воедно да стане еден од фаворитите за победа.
Она што е најнова радост за Трајче е повикот од Тони Цетински да му биде гостин на двата концерти кои ќе се одржат на 12 и 13 март во белградскиот Сава Центар. Хрватскиот пејач од самиот почеток на шоуто за таленти не ги крие симпатиите и поддршката за Трајче, па така во неколку наврати го пофали на својот Фејсбук профил и во скорешните интервјуа.
И Трајче не го крие одушевувањето дека на свои 13 години ќе пее на сцена со неговиот идол.
- Кога ме повикаа да дојдам во Белград, прво не знаев зошто, но кога ми рекоа дека ќе пеам со Тони Цетински кој ми е идол, немаше посреќно дете од мене. Да пеам на толку голема сцена со својот идол е неверојатно. Не знаев што да кажам. Родетелите ми рекоа дека само ми се вцрвениле образите, изјави скромниот Трајче.
Малиот Трајче вети одлична забава на концертот, но откри и една мала тајна. Тој, овој петок ќе настапи на „Пинкови ѕвездички“ во некој нов ритам и во сосема ново издание.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









