Информирајте се за поволностите - отворени денови на Платежната агенција

Со средби во Пробиштип, Виница, Дојран и Охрид, денеска, утре и задутре Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува да ги реализира отворените денови за земјоделците и бизнис заедницата.
Целта на отворените денови е информирање за поволностите што се нудат преку програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Земјоделците и стопанствениците воедно се запознаваат и со работата на Агенцијата, дискутираат за прашања од нивен интерес, даваат предлози за надминување на одредени проблеми со кои се соочуваат за време на аплицирањето и бараат стручна помош.
- Со зголемено присуство на Агенцијата на терен и со практикување на отворен и одговорен пристап кон корисниците на финансиска поддршка, се овозможува и зголемување на квалитетот на услугите кон крајните корисници, како и зголемување на задоволството кај крајните корисници на услугите што е и приоритетна цел на Агенцијата во исполнувањето на своите деловни активности, велат од Платежната агенција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









