За што ќе расправаат денеска македонските пратеници?

 

Четири комисии на Собранието на Република Македонија денеска ќе имаат седници на кои ќе расправаат за предлог-закони во прво читање.

Комисијата за економски прашања на дневен ред ги има предлог-законите за дополнување на Законот за техничката инспекција и за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат.

Предлог-законот за дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција во прво читање ќе биде пред членовите на собраниската Комисија за здравство, а Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта.

Во прво читање е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, кој е на дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега