Андреј Петров: СДСМ неподготвена влезе во избори и загуби со огромна разлика

СДСМ знаеле дека ќе ги загубат изборните циклуси изминативе години. Пред изборите биле соочени со рејтинзите кои им беа само едноцифрени, а по изборите беа соочени со големата разлика и мораа да го признаат поразот
Зоран Заев во снимката која се појави пред македонската јавност призна дека знаел дека СДСМ ќе излезе како губитник од минатогодишните избори. Но, и други функционери на опозицијата очекувале такви резултати, признавајќи дека СДСМ не била подготвена ниту за локалните избори во 2013.
-2013 е сосема различна приказна. Ние во 2013 влеговме, после настаните од 24 декември, целосно неспремни за избори, истакна за Телма, Андреј Петров, поранешен кандидат за градоначалник на СДСМ.
На локалните избори, Петров беше само еден од многумината кои катастрофално загубија претставувајќи го СДСМ. Партијата која создава лажна фама дека ќе дојде на власт, не успеа да освои повеќе од 4 општини на ниво на цела Македонија.
Залудни се сегашните обиди на Зоран Заев и раководството на партијата да обвинат дека причината за убедливите порази се наводни изборни нерегуларности. Тие биле свесни за поразот, а дури признаваат и дека не се подготвени да ја побараат и добијат довербата од народот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









