Заев тоне, народот не го поддржува

Народот не го поддржа срамното деструктивно сценарио на Зоран Заев и СДСМ. Со цела партиска логистика и со силни притисоци, цела опозиција вечерва собра едвај 1700 луѓе. Сите до еден-членови на СДСМ.
Зоран Заев вечерва не доби поддршка од граѓаните, туку само од најсилните свои поддржувачи. Колкав е вкупниот број на поддржувачи на опозицијата е јасно, малку се на број и речиси една деценија не можат да им донесат победа на избори.
Лидерот на опозицијата со месеци тоне се подлабоко, а со себе го влече и целото раководство. Заев е прочитан, прочитано е неговото сценарио кое за ситни лични интереси го прави на штета на цела Република Македонија.
Креираните материјали на Заев, овојпат го разочара и членството на СДСМ. Иако помпезно ги најавуваше и кажуваше дека наводно ќе презентирал докази за најголем изборен грабеж, Заев денес објави само сецкани, селектирани делови од разговори кои ништо, ама баш ништо не докажуваат и покажуваат.
Присутните во Универзална сала беа непријатно изненадени и силно разочарани. Очекуваа многу, а не слушнаа ништо. Во салата немаше енергија, немаше излив на револт од она што го слушнаа, а на нивните лица се гледаше разочараноста од она што некој им го пушта. Дури и најголемите поддржувачи на СДСМ со неверување гледаа во она што го кажува сопствениот лидер.
Овојпат, Заев не најави ниту еден разговор, туку за таа работа си платил актер. Но и тоа беше залудно бидејќи дебело платениот актер се обидуваше да го смени контекстот на разговорите, а тоа само предизвика нервоза и фрустрација кај членовите на СДСМ кои не слушнаа ништо спектакуларно како што очекуваа. Тие практично беа изманипулирани да дојдат во Универзална сала бидејќи им најавуваа силни материјали, а ја добија најслабата “бомба“ до сега.
Оваа вечер заврши со говорот на човекот кој го започна сево ова и ја држи во заложништво цела Македонија. Зоран Заев вечерва изгледаше исто како неговиот претходник Бранко Црвенковски. Зборуваше гласно, се дереше исто како Црвенковски, правеше исти гестакулации. Заев испрати и пораки исти како оние на Црвенковски. Речиси како овој лидер на СДСМ да прекопирал делови од говорите на претходниот лидер.
Дека ако утре има избори СДСМ ќе дојде на власт и дека тие ќе победат, јавноста слушнала многу пати. Но, исто толку пати овие нивни помпезни најави завршија со огромен пораз на СДСМ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









