За мито од 100.000 евра Зоран Талер доби 2,5 години затвор - колку ќе добие Заев ако го осудат?

Поранешниот министер за надворешни работи на Словенија, Зоран Талер на крајот од јануари беше осуден на затворска казна во траење од две години и шест месеци, како и парична казна откако беше фатен од новинарите на Сандеј Тајмс како прима мито од 100.000 евра. Талер, како пратеник на Европскиот парламент беше наместен од новинарите кои му дадоа пари за тој да лобира за донесување на закон во нивна корист.
Словенечката полиција против Зоран Талер поднесла пријава, а тој кон крајот на минатата година се договорил со обвинителството.
„Формално со тој договор ја признавам вината“, изјавил Талер, кој казната од 15 илјади евра ќе ја плати во корист на Педијатриската клиника во Љубљана. Талер пет години нема да има право да се вработи во некоја јавна служба.
Во Македонија лидерот на СДСМ е осомничен за примање поткуп од 200.000 евра. Доколку обвинителството успее да го докаже обвинението, ако се водиме по европската пракса, Заев треба да добие исто така затворска казна.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









