Утре не очекува облачно време со слаб дожд

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд, на планините со слаб снег особено повеќе во западните и јужните делови на земјата. Преку денот ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со слаб дожд особено во раните утрински часови, преку денот променливо облачно со слаб северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до девет степени.
И во наредните денови ќе продолжи променливо облачно време со сончеви периоди, но и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе има тенденција на благ пораст.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









