Брумен очекува да игра в сабота со Висла
Десното крило на Вардар, Матјаж Брумен почна да тренира во полна сила и колку што може се труди да биде подготвен да се врати на теренот в сабота, во првиот осминафинален натпревар против Висла Плок.
Словенецот нема натпревар од мечот со Монпеље на 14 февруари и беше неизвесно дали ќе може да ја продолжи сезоната поради повредата на рамото. Сепак работите одат на подобро и тој се надева дека веќе в сабота ќе може да им помогне на своите другари.
- Многу подобро се чувствувам. Сѐ уште имам болка, но ќе можам да играм в сабота против Висла. Добро ми дојдоа три недели одмор и сега ме очекува само уште еден преглед до сабота, но освен ако не се случи нешто ептен непредвидено, можам да играм, изјави Брумен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа