Верушевски пред малку донесен во Обвинителството за организиран криминал

Првообвинетиот во аферата Пуч, Зоран Верушевски денеска е доведен во Обвинителството за организиран криминал. Како што јавува репортерот на Press24 од терен, тој премалку пристигнал во обвинителството каде што најверојатно ќе даде исказ во случајот кој е покренат против него.
Покрај Зоран Верушевски во аферата Пуч се осомничени и Ѓорѓи Лазаревски, вработен во ДБК, Бранко Палифоров, вработен во општина Струмица, сопругата на Зоран Верушевски Соња како и лидерот на СДСМ Зоран Заев кој се води како четврто осомничен.
Петто обвинетиот Ѕвонко Костовски го призна делото кое му се ставаше на товар и се договори со Обвинителството да одлежи 3 години затвор.
Во аферата Пуч, пет лица се сомничат за шпионажа и закани врз највисоките државни органи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









