Решени повеќе од половина барања за легализација на бесправните објекти во Гевгелија

Во текот на 2014 година во општина Гевгелија продолжи легализацијата на бесправно изградените објекти, а од доставените комплетирани барања беа решени, односно легализирани 124 бесправни градби.
Инаку, од вкупно поднесените 4120 барања за легализација на бесправно изградените објекти досега се решени 2182 или 52,9 отсто.
Овој процент би бил значително поголем доколку подносителите на барања навреме ги достават урбанистичките елаборати и го уплатат пресметаниот комунален надомест, велат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина.
Притоа, нагласуваат дека во минатата година биле поднесени и решени вкупно 685 барања од делокругот на неговото работење. Врз основа на поднесените 43 барања од заинтересирани инвеститори, беа изработени и издадени 34 одобренија за градба.
Додека пак од поднесените 9 барања за поставување на урбана опрема биле решени само две поради некомплетната документација. Општина Гевгелија продолжи со урбанизацијата на просторот овозможувајќи им на заинтересираните инвеститори за вложување во општината да ги реализираат своите проекти.
Минатата година беа донесени 2 нови урбанистички планови, а поведена е постапка за донесување на уште 31 урбанистички планови. Тоа е најдобра потврда за приоритетот што и се дава на урбанизацијата во општината.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








