Зимата не попушта: До крајот на неделата дожд, снег и ниски температури

 

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен слаб дожд, на повисоките места дожд и снег, на планините со снег, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец со слаб снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени

Во Скопје облачно, попладне со услови за повремен слаб дожд, кој во текот на ноќта можно е да помине во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремен слаб дожд и снег, на југоисток претежно од дожд, а на планините од снег. Во четврток и петок ќе дува умерен северен ветер, кој на момети на места ќе засилува.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега