Регулаторна одлучи: Од полноќ ќе возиме поскап бензин и дизел

Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот за половина денар.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.02.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.02.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,50 ден/лит, а на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 44,00 ден/лит.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









