Република: Кој амбасадор ќе биде протеран од Скопје?

 

За разлика од американската Национална безбедносна агенција (НСА), која во соработка и по договор со своите партнери влегувала во оптичките кабли за пренос на телефонски, интернет и на други податоци, во македонскиот случај се вршело прислушување со класични механизми, кои иако се по малку застарени, сепак можат да завршат работа за нарачателите. Премиерот Груевски не ја откри службата за која македонските безбедносни агенции знаат дека го нарачала и учествувала во прислушувањето откриено од Заев, но откри како работела. Откако странците пред речиси пет години дошле во контакт со ексразузнавачот Зоран Верушевски, тој формирал мрежа од свои поранешни соработници од времето кога беше прв човек на УБК, по што почнало снимањето.

Еден од двата начина на прислушување бил преку недозволено и неовластено прислушување преку ресурсите на македонските служби за безбедност, кои следеле јавни личности без налог од судија. Соработниците на Верушевски, од кои еден го признал делото и веднаш беше осуден на три години затвор, потврдил дека за паричен надомест со свој врбуван колега, главен инженер во петтата управа, снимале разговори меѓу голем број политички личности, по што материјалите му ги предавале на Верушевски. Материјалите биле преведени на англиски јазик, спакувани во кратки анализи за политичката состојба во земјава, со што јасно се покажува дека не биле за домашни нарачатели затоа што во Македонија сите зборуваат македонски јазик и сите знаат сами да направат политичка анализа. Груевски остави простор наскоро, по завршување на постапката, од земјава да биде протеран некој дипломатски претставник. И вториот начин на прислушување отстапува од тоа што го правеле американските и британските разузнавачи, кои покрај пристап до оптичките кабли, користеле и вируси со кои влегувале во каналите за роаминг на телефонските корисници.

Целиот текст прочитајте го на Република

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега