Укината забраната за камиони на Стража

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража е укината изутринава во 09:50 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Се уште е во сила забраната за камиони на крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, каде има и забрана за движење на автобуси.
На патниот правец Тетово – Јажинце задолжителна е употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
Оцени ја веста
06.03.2015 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








