Ни се врати снегот - во Маврово снежната покривка 88 сантиметри

 

Врнежите од снег што ја зафатија Македонија од вчера формираа снежна покривка од 88 сантиметри во Маврови Анови, 50 Пожаране, 19 Крушево, 11 Тетово, 10 Ѓуриште и осум сантиметри во Крива Паланка.

Во моментов врнежи од снег се забелажани во Крива Паланка, а врнежи од дожд има во Гевгелија и Дојран. Најизразен е ветерот во Гевгелија и повремено надминува 25 км/час.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со умерен до повремено засилен северен ветер. Преку денот со врнежи од послаб интензитет а кон крајот на денот и преку ноќта врнежите ќе се поинтензивни. До изутрина на планините од централните и источните делови ќе има дополнителен нов снег од 200 сантиметри. А количествата на измерен воден талог понекаде ќе надминат и 20 л/м2. На југоисток врнежите преку денот ќе бидат од дожд кон вечерните часови ќе преминуваат во снег. На планините и понекаде на север и на пониските места врнежите врнежите ќе се од снег.

Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот врнежите ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат од снег. Дневната температура ќе достигне 5 степени.

Во текот на утрешниот ден ќе биде умерено до значително облачно со повремени слаби врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. И во недела ќе се задржи северниот ветер, а ќе има услови за слаби врнежи претежно за источните делови од земјата. Од понеделник ќе биде стабилно суво но студено.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега