Забрана за тешки товарни возила на Стража

 

Поради обилни врнежи од снег, кој се задржува на коловозот вечерва повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Забраната за движење на тешки товарни возила на крак Маврово-Дебар се уште е активна.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни  коловози. Снег со слаб интезитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Крушево кој не се задржува на коловозoт. Магла со видливост до 100 метри има на планискиот превој Плетвар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега