ФОТО: Плажите на Преспанско ќе блеснат во полн сјај - еве каде ќе уживаме

 

Започнаа градежните работи на уредување на 500 метри плажа во населба Стење и 100 метри плажа во населба Сливница, на Преспанското Езеро.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, истакна дека се очекува плажата во Стење да биде завршена до месец јуни, со цел да биде готова за оваа туристичка сезона.

Уредувањето на плажата подразбира изградба на шанкови, дрвена платформа, игралишта за одбојка фудбал и бадмингтон, туш кабини, пешацка патека и други содржини кои ќе ја збогатат туристичката понуда на ова место.

Инвестицијата е вредна 77 милиони денари.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега