МПЦ ги поскапе погребите и венчавките - верниците револтирани

 

По покачувањето на цените на црковните услуги, верниците се гневни кон МПЦ, бидејќи како што велат, тоа треба да бидат цени кои ќе им бидат достапни на сите.

Еве дел од коментарите:

-Да немаш да платиш услуги од црквата, нема да те направат помалку верник. Имајте го тоа на ум. Да не ви тежи или да не ве притиска на совеста.

-Венчавка со еден поп- 6000 денари? За 6000, ја викам Лана Дел Реј, да ми пее, ја плаќам кафаната и одам на меден месец на СЕЈШЕЛИ мадам!

-Само како потсетување: услугите на МПЦ (инаку поскапени) не мора да се користат. Дури и ако верувате во бог. Па дури и ако сте православни христијани. Верата, во било што, не е во институција, уште помалку во институција со ценовник. Таа е во себе. Освен ако верувате во пиво. Таа вера има цена пред да ја почувствувате во вас.

-Ценава за венчавка со три попа е со диригент или без?

-Дедо Попе, Плаќате ли вие даноци кон државата? издавате ли фискални сметки за услугите? Само дај знаете да кажете…

-Сите свеќи, обреди и слично се наплаќаат, а не видовме поп некому нешто да даде

-Сакам фискална за секоја услуга од свештено лице, ако веќе има утврдена цена, мора да има и фискална сметка !!!

-Може ли бе молитва да ја купеш за пари? Може ли Бог да го подмитиш со пари или со кило зејтин. Земете Библија и запознајте го вистинското изворно христијанство.

-Мене многу ме интересира дали некој (и ако да, кој/и?) ги регулираат цените на црковните услуги? Дали можат цените да одат до недоглед, а никој да нема право да интервенира?

-Јас знам дека требаат пари за плати, за одржување, за сметки, за гориво, за кредити, за коли, за што-ти-не, ама дали цената на нивните услуги серизно можат да стигнат до една минимална плата во МК, па дури и да ја преминат?

 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега