Возачи, еве каде да внимавате

 

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и крак Маврово-Дебар поради врнежи од снег. 

Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни  коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Законската обврска за поседување зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба трае до 15 март 2015 година.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега