Големо невреме го зафати регионот - доаѓа и во Македонија

 

Времето  во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку денот ќе дува засилен јужен ветер. Пообилни врнежите ќе бидат во попладневните часови и ноќта према петок кога локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. На некои повисоки места врнежите од дожд ќе поминуваат во снег особено во северните и западните делови на земјава. На планините се очекува зголемување на снежната покривка за околу 20 сантиметри.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до седум степени.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега