Богадновиќ тврди: Не сум сопственик на CentarNews - новинарите на СОРОС велат дека лаже

Директорот на Паркинзи општина Центар вели дека не е сопствнеик на порталот ЦентарЊуз кој вчера објави информација за тепачка во ТВ Сител
Демантот го пренесуваме во целост
„Ја демантирам веста објавена и пренесена од провладини медиуми дека сум сопственик на порталот Центарњуз. Во неколку наврати некои медиуми го злоупотребуваат моето име и го врзуваат за неколку портали, на кои ниту сум сопственик, ниту ги уредувам.
Очигледна е тенденцијата на медиумите под контрола на власта да конструираат невистини со цел дефокусирање на вниманието од скандалите што ја тресат власта.
Заканите на власта преку текстот на порталот Прес 24 се безуспешен обид за прикривање на нивниот страв од обелоденувањето на вистината.
Барам порталот Прес 24 и медиумите коишто ја објавија лажната вест дека сум сопственик на порталот Центарњуз овој демант да го објават во целост.
Сите медиуми ги замолувам да го објават демантот за да ја дознае јавноста вистината.“ - стои во демантот на Богдановиќ
Сепак информациите објавени на порталот mediapedia.mk уредуван од новинари блиски до СДСМ и СОРОС велат дека Богдановиќ не ја зборува вистината. Имено, директорот на Паркинзи општина Центар најверојатно мисли дека доколку го регистрира домејнот во странство, нема да може да се стигне до податоците за сопственикот. На овој линк, можете да видите дека токму името на Богдановиќ стои како човек кој го регистрирал овој веб сајт кој нема импресум и често објавува „скандалозни“ информации.

За тоа како Богдановиќ се обидува да манипулира со јавноста ви пренесуваме што напишаа колегите од mediapedia кои важат за блиски до СДСМ
„Тимот на Медиа Педиа се обрати кај директорот и праша дали тој стои зад овој портал, кој освен што е пристрасен кон опозицијата, фокусот во известувањата е ставен на администрацијата на општина Центар, во позитивна конотација. Богдановиќ даде конфузен одговор кој истовремено ги содржеше зборовите „да“, па потоа рече „не знам“, за по неколку секунди да рече „да видиме“ или „на нашите e“, за на крај да испрати порака во која не упатува повторно да провериме каде е регистриран. Имено, тој се послужи со ситна итроштина и ни прати линк во кој не замоли уште еднаш да погледнеме „каде тоа го гледаме така“, а всушност во меѓувреме успеал да ги измени податоците и да го тргне своето име од регистранти. Се разбира, опцијата Google cache овозможува зачувување на овие податоци, а исто така, во интернет просторот оваа регистрација се уште постои на друга страница за што подолу може да се погледне линк од документот. “ - стои на порталот МедиаПедиа
Доколку Богдановиќ не е сопственик на овој портал, еве јавно, поставуваме прашање и очекуваме одговор, со која комапнија општина Центар, каде што Богдановиќ е вработен склучила договор за рекламирање на порталот ЦентарЊуз?
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









