Груевски: За Заев не е важно што е инструмент на странска служба и ја загрозува приватноста на граѓаните

 

Тезите на Заев се искривени, а тој се повеќе се чуствува како на тенок лед, истакна премиерот Никола Груевски, за тврдењата на лидерот на опозициската СДСМ, дека не е важно кој го вршел прислушкувањето, туку оти е важна содржината на снимениот материјал.

-Тоа е една нова теза која Заев ја исфрли на последното интервју, дека не било важно кој направил упад во државниот систем, не било важно тоа што била организирана агентурна мрежа, дека била вмешана странска разузнавачка служба, дека тој на некој начин е инструмент на таа служба, дека таа странска разузнавачка служба потплатувала свои соработници во Македонија, кои што дел од нив го признаа делото, дека биле потплатувани и дека работеле по нивни налог и дека добивале и спроведувале нарачки од таа страна, истакна Груевски.

Значи тоа ништо не е важно, рече Груевски, важно било само да се концентрираме на содржината и ништо друго.

-Тоа што државата била доведена во таква ситуација од странска разузнавачка служба, тоа што тој е сега нејзин експонент, тоа не треба да го гледаме. Никого не треба да го загрижува тоа што на тој начин се загрозува и приватноста на граѓаните. Тоа се навистина искривени тези и мислам дека се повеќе Заев се чуствува како на тенок лед, додаде премиерот.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега