Груевски: Заев сè повеќе се разобличува со секое излегување на телевизија

 

Премиерот Никола Груевски денес истакна дека лидерот на СДСМ Зоран Заев „мртов ладен“ признал во телевизиско интервју дека било нормално во семејството да се допишуваш со шифрирани пораки наместо со букви и зборови со бројки.

-Тоа го говори за човекот за кој до пред некое време тврдеше дека не го познава, дека нема контакти со него, а сега веќе знае како тој и жена му се допишуваат и тоа го смета за сосема нормална работа и го оправдува пред јавноста. Човекот кој на неговото семејство му купил компјутер и кој се подготвувал да купи и автомобил, ама ете според него за несреќа не се случила таа работа. Ќе видиме времето ќе покаже дали се случила или не. Целата ситуација станува помалку и смешна. Колку повеќе Заев излегува на телевизија, толку повеќе се разобличува самиот себе си од лагите и интригите во кои самиот се вовлече заедно со луѓето кои што го подготвуваат ова за него, нагласи премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на решенијата за вработување на лица со статус деца без родители и родителска грижа до 18 години.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега