Опозицијата се жали дека немала простор во медиумите - Заев за три недели имаше интервјуа на три телевизии

Зоран Заев постојано вели дека слободата на медиумите е загрозена и дека пишаните и електронски медиуми во земјава не и оставаат доволно простор и внимание на опозицијата. Но, фактите покажуваат дека ова е далеку од вистината.
Ако се направи една ретроспектива ќе се види дека Зоран Заев за три недели гостуваше и направи интервјуа на три одделни телевизии кои национално емитуваат програма.
Прво, гостуваше на 24 Вести. Опозицискиот лидер на оваа телевизија гостуваше на 11-ти февруари.
Еден ден подоцна, на 12-ти февруари, првиот човек на опозицијата имаше интервју и на ТВ Алсат, каде гостуваше во емисијата „Патот кон...“ на Мухамед Зекири.
Интервју за актуелните теми, лидерот на СДСМ даде и на ТВ Телма пред два дена, каде гостуваше во емисијата „Топ Тема“.

На сите интервјуа опозицискиот лидер говореше за актуелните политички состојби во земјава и слободно си го кажуваше мислењето на три одделни телевизии кои национално емитуваат програма. Тоа јасно покажува дека слобода во медиумите ИМА. И простор за опозицијата и Зоран Заев ИМА, наспроти секојдневните обвинувања токму од Заев и неговата партија.
Од друга страна, доколку се навлезе и во ориентацијата на медиумите на кои гостуваше Зоран Заев, ќе се види кристално јасно дека опозицијата поседува најмалку три телевизии со проопозициска уредувачка политика. Ако на сево ова се додадат и печатените медиуми, како и ергелата на медиуми и портали, ќе се види дека СДСМ и СОРОС контролираат најмалку 30-тина медиуми.
Овие факти се демант на изјавите на Зоран Заев. Неговите изјави дека нема слобода на медиуми и дека во медиумите нема место за Зоран Заев се побиени. Очигледно е дека опозицијата темата со медиумите ја користи само за политизација.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








