Зголемени цените на верските обреди - венчавка 6000 денари

 

Цените на верските обреди што ги извршуваат свештениците на Македонската православна црква-ОА, поскапеа од петстотини до илјада денари. Одлуката ја донеле владиците на почетокот на февруари. Од МПЦ велат дека покачувањето е од економски причини.

Старите цени ќе останад на сила во помалите градови бидејќи голем дел од жителите се во лоша финансиска состојба. Економските стандарди не им дозволуваат да дадат од 50 до 100 евра за крштевка или венчавка.

Наплаќањето за свештенодејства е грев и канонски прекршок, се вика симонија. 

Но тоа што му го даваат верниците на свештеникот е доброволна награда. Тоа значи дека свештеникот е должен да ја изврши тајната и во случај верникот да нема ниту денар да плати.

Ова се новите цени на верските обреди во скопската епархија:

– крштевка                                        4.000 денари
– венчавка со еден свештеник          6.000 денари
– венчавка со тројца свештеници      7.000 денари
– погреб                                           3.000 денари

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега