ПОДДРШКА ЗА ДЕДО ЉУБЕ: Тони, Миленко и Пандов покренаа иницијатива за слобода!

Херојската приказна на дедо Љубе ги обедини сите зад една цел: Слобода за дедо Љубе!
Актерот Тони Михајловски, аналитичарот Александар Пандов и новинарот Миленко Неделковски го посетија дедо Љубе (75) и ја изразија нивната поддршка.
Дедо Љубе е ведар човек, вистински Македонец и покрај сите неволји кои ги поминал се уште не го изгубил ведриот дух, добрината и топлината, сведочат тие.
Оваа иницијатива, како што подвлече Михајловски е иницијатива која е над сите полички случувања во Македонија, чија крајна цел треба да биде ослободување на дедо Љубе и доколку е можно промена на Законот за поседување на огнено оружје во случај на самоодбрана.
-Во таа насока ќе цитирам еден белградски адвокат кој вели: „ Доколку некој ви влезе во вашиот двор и ве нападне убијте го, затоа што ќе најдете адвокат кој ќе ве извади од затвор, но никако нема да најдете адвокат кој ќе ве извади од гробишта.“ Се надевам дека ќе ова ќе има позитивен резултат и дека дедо Љубе ќе ја добие заслужената слобода, подвлече актерот Тони Михајловски.
Инаку, дедо Љубе од село Којково, треба да одговара за убиство, поради тоа што пред две години им се спротивстави на двајца разбојници, кои го измачувале него и неговата немоќна сопруга.
Идејата е следна, јас Тони Михајловски и Миленко Неделковски да побараме прием кај претседателот на државата, кај претседателот на Собранието и кај Јавниот обвинител и да ги охрабриме да направат се’ за ослободување на дедо Љубе. Многу пати до сега овие институции покажале дека имаат сенс за гласот на народот. Мислам дека не постои човек во Македонија кој што не го има тоа чувство дека дедо Љубе треба да биде слободен, потенцираше Александар Пандов.
-Ги повикувам сите индивидуални и невладини борци за човекови права да се приклучат кон оваа семакедонска иницијатива за правдина и слобода за дедо Љубе, истакна Миленко Неделковски.
На социјалната мрежа „Фејсбук“ има и група „Слобода за дедо Љубе“, на која е објавена и петиција за негово ослободување, која ќе биде испратена и до претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









