Македонскиот катастар бележи сериозен напредок

 

Македонија изминатите 10 години направи сериозни и исклучително позитивни реформи во катастарот, оцени денеска раководството на Европскиот сервис за земјишни информации (ЕУЛИС) пред почетокот на Годишното собрание во Скопје.

Според Пека Халме, претседавач на Бордот на ЕУЛИС, и Рик Воутерс, управен директор на ЕУЛИС и директор на холандскиот катастар, преку Македонија, со оглед дека бележи голем напредок во овој сегмент и ги исполнува критериумите за т.н. висок развој, ќе се дејствува врз другите земји од регионот со цел да се зголеми нивниот интерес и тие, исто така, да станат членки на ЕУЛИС.

- Реформите во македонскиот катастар се исклучително позитивни ако се земе предвид што се сторија претходното и сегашното раководство. Секогаш се размислува отворено, постои интерес за се што се случува во катастрите низ Европа, а фокусот е како да се подoбри и унапреди соработката со сите земји, не само со оние во ЕУ, изјави Воутерс.

Халме напомена дека интенцијата на Европскиот сервис за земјишни информации е да се зголеми бројот на членките, но да се направи и интерконекција.

- Простор за соработка има, ќе напредуваме и ќе го реализираме она што е зацртaно како иницијатива, посочи претседавачот на Бордот на ЕУЛИС.

ЕУЛИС е иницијатива на 20-те најголеми катастри во Европа. Формирана е со цел нивно поврзување и обединување на пазарот на недевижности. Македонија е членка на Сервисот од 2013 година и годинава е домаќин на Годишното собрание.

- Ако знаеме дека Европа е обединета во делот на пазарот на стоки и услуги и во еврото, во однос на пазарот на недвижности се уште не е обединета, има многу бариери за регистрирање имот од една во друга европска држава или регистрација на хипотеки. Оваа иницијатива најпрво е замислена како поврзување на информатичко ниво, на порталите, за инвеститорите, банките, државните институции на едно место да дојдат до информации за фирма или граѓанин во кој било дел од Европа, директорот на Катастарот Славче Трпески.

Поврзувањето во ЕУЛИС не се однесува само на земјите членки на ЕУ, туку и на земјите надвор од Унијата. 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега