Истражување: Армиите со најголема доверба во земјите од регионот

 

Според истражувањето на јавното мислење направено од Центар за истражување и креирање политики-Скопје спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, граѓаните од регионот најмногу доверба имаат во државните и меѓународните воени институции.

Во четири од шесте држави, политичките партии се на дното од табелата, а слаба доверба уживаат и судството и собранијата, покажува истражувањето спроведено во рамки на проектот „Застапување за отворена влада“ финансиран од Европската унија, кој се имплементира во шест земји од регионот. Оваа анкета во Македонија е реализирана во август 2014 година.

Во Македонија и Србија институции со најголема доверба се армиите. Во Македонија 71,5 проценти од испитанците и 69 проценти во Србија, ја дале довербата за армијата, додека во Албанија и Косово тоа се меѓународни воени институции како НАТО 71 отсто односно КФОР 67 процент. Во Албанија, армија е рангирана на третото место со 44 проценти согласно довербата на граѓаните.

Армијата е рангирана четврта со 69 проценти од испитаниците во  Црна Гора каде што граѓаните повеќе веруваат во здравствениот систем и тоа со 60,3 проценти и образовниот со 58,7 отсто, како и во Српската православна црква која има 55.6 проценти доверба кај испитаниците. Во Босна и Херцеговина армијата е втора институција со најголема доверба со 62 проценти, додека најмногу се верува во работата на претпријатијата за комунални дејности со 63,1 проценти.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 12:06
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега