Ставрески: Граѓаните треба да веруваат во реалноста, фактите и објективната стварност

 

Македонските граѓани треба да веруваат не само во она што ќе се ветува за во иднина, туку и на тоа што го гледаат од минатото. Ова го истакна вчера вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

-Македонските граѓани 8-9 години слушаат за крах на македонската економија, за тоа дека ќе нема пари за пензии, за плати, ќе нема пари за инфраструктура. Ние секоја година сме сведоци дека пензиите се исплаќаат првата недела во месецот, така никогаш не било претходно, дека платите и социјалната помош се исплаќаат најредовно, дека има зголемување на платите и социјалната помош, дека субвенциите за земјоделството се исплаќаат најредовно и секоја година има износ кој никогаш претходно не го имало од 150 милиони евра. Дека се градат во исто време најголем број на инфраструктурни проекти колку што вкупно за 20 години не се изградиле во Македонија, од автопатишта до регионални патишта. Граѓаните можат да бидат спокојни. Ние сме покажале што можеме и како можеме за нив да направиме и како ја водиме економијата и така ќе биде во иднина, рече Ставрески.

Тој додаде дека програмата за работа на Владата вклучува проекти во сите сектори.

Она во што граѓаните треба да веруваат се фактите и објективната стварност.

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега