Ставрески: Со министрите и Премиерот некогаш имаме различни мислења но секогаш го избираме најдоброто за граѓаните

 

Луѓето во Владата имаат различни мислења, министерот за финансии и премиерот имаат различни мислења, министрите за транспорт и врски, екомонија и финансии имаат некогаш различни мислења, но ние сите тие мислења ги ставаме на маса, ги дебатираме работите, ги разменуваме аргументите, се сосолушуваме, секој има своја позиција и секој ги изнесува своите аргументи, посочи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција.

2-500

Понекогаш, како што рече тој, таквите дебати можат да бидат и пожолчни, а понегогаш помирни, и дебатата некогаш трае со денови, некогаш со часови, но дека на крајот единствено и заедничко на се е дека вз база на аргументи се бира најдоброто решение што е за граѓаните на Р.Македонија и она што е во склад со програмата на Владата на РМ.

- Горд сум што низ најтешките времиња со таков пристап во којшто се поттикнува дебатата и во коишто никогаш не било забрането да се дебатира со различни ставови, односно да се имаат различни ставови почнувајќи од премиерот до сите нас кои учествуваме во тие дебати, се исфилтрирани и се носеле најдобрите решенија, нагласи Ставрески.

Убеден сум, рече Ставрески, дека тое е единствениот здрав пристап да се носат решенија и да се води една економска политика.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега