Ставрески: Државниот долг падна под 35%

 

Државниот долг на Република Македонија е намален и истиот е под 35 проценти од БДП, изјави денеска воцепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

dolg

 

-Денеска, државниот долг на Република Македонија е спуштен под 35 проценти од БДП, што е меѓу четирите најниски во Европа. И тоа покажува на каков начин сме се справиле со тој предизвик, кога во соседствто и во многу земји од Европа јавниот долг достигнува над 100 проценти, рече Ставрески.

Ставрески потенцираше дека Буџетот е во одлична кондиција и како што беше објавено завчера,  таа одлична кондиција на македонската економија и на Буџетот обезбедила предвреме да го вратиме долгот кон ММФ.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега