Ставрески го замолкна Заев: Граѓаните веруваат во реалните проекти
Граѓаните треба да се водат од реалноста и од она што го гледаат, да се водат од позитивните резултати и резултатите и фактите да се презентираат со аргументи, посочи на денешната прес-конференција вицепремиерот и минситер за финансии Зоран Ставрески, кој низ неколку аргументи конкретно докажа дека македонската економија ниту е пред крах, ниту пак била.

- Македонската економија во 2014 година имаше втор ннајдобар резултат во Европа со раст од околу 4 отсто. Сличен резултат, трет најдобар во Европа беше остварен во 2013 година и во 2011 и 2010 година. Падот на економијата во кризниот период од 2009 до 2012 година беше најамал од сите земји во ЈИЕ. Во такви околности, економкиот тим на Владата предводен од премиерот ги наоѓаше најдобрите решенија. Овие резултати исто така се отсликаа и во состојбите во буџетот и во одржувањето на нивото на задолженост меѓу најниските во Европа, истакна Ставрески.
Денеска, државниот долг на Република Македонија, нагалси Ставрески, е меѓу четирите најниски во Европа.
-И тоа покажува на каков начин сме се справиле со тој предизвик, кога во соседствто и во многу земји од Европа јавниот долг достигнува над 100 проценти, доаде тој.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









