Зголемен бројот на заболени од грип во Велес

Според информацијата на Центарот за јавно здравје во Велес последната недела од февруари во Велес нагло е зголемен бројот на заболени од грип на 223 лица.
Според информацијата од епидемиологот д-р Билјана Трајкова, најголем број заболени 178 се на возраст од 15 до 64 години, десет деца се на возраст до 4 години, а 70 деца на возраст од 5 до 14 години.
- Наглиот број на заболени од грип се должи на променливото време и затоа им препорачуваме на граѓанте да внимаваат на своето зравје и да консумираат што повеќе топли напивки, како и овошје и зеленчук и да избегнуваат допир со заболени, потенцира д-р Трајкова.
Во текот на февруари годинава во Велес имало вкупно 464 заболени од грип, од кои најмногу од заболените се во последните две недели на февруари, а од кои минатата недела 223, а претходната 178 заболени од грип.
Во текот на јануари годинава имало 50 лица заболени од грип, информира д-р Трајкова.
Оцени ја веста
02.03.2015 - 15:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









