Свети Теодор Тирон- светителот со маченичка смрт

Свети Теодор Тирон, покрај овој свој неподвижен празник на денот на неговото мачеништво, се слави и во првата сабота од Великиот пост.
Таа сабота е позната како Тодорова сабота, подвижен празник кој зависи од почетокот на постот.
Светителот е истиот и денеска се сеќаваме на неговата маченичка смрт. Теодор живееше во четвртиот век, служејќи како војник за време на царевите Максимијан и Максимин во малоазиската област Понт.
И покрај прогоните тој не ја криеше својата вера во Христос, заради што беше затворен, мачен и најпосле жив изгорен.
Оцени ја веста
02.03.2015 - 09:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









